Ели е родена со многу ретка болест, тотален аганглионарен мега колон (нејзините црева не работат) што резултира со исклучително сериозни компликации и животозагрозувачка состојба.

Како резултат на нејзината состојба, Ели седум години од детството ги минува живеејќи во болница одделена од своето семејство во придружба само на книгите кои ги обожава.

Се појави надеж во САД каде докторите гарантираат дека можат да и помогнат на малата Ели да почне нормално да живее како своите врсници. Операцијата е на товар на фондот за здравствено осигурување , но по извршената операцијата се појавија компликации и потреба да се продолжи нејзиниот престој во болница за повеќе од две недели до денес.

Ели се наоѓа во болница во Америка. Живеe во страв дека лекувањето нема да се продолжи и сите напори ќе бидат залудни.

Дополнителниот престој итно мора да се плати, а нејзиното семејство нема финансиски средства.

Еден болнички ден ги чини 3.400 евра . Износот кој во моментов им е потребен е 57.800 евра и со секој следен ден расте.

Ели е во Америка со семејството без никакви средства, буквално ни за основни потреби за живот бидејќи престојот непланирано е пролонгиран.

Дополнително по напуштање на болницата мора да престојува уште неколку месеци во САД за потполно да се опорави.

Средствата не ги покрива фондот, а семејството истрошено од долгогодишната борба нема средства за да го продолжи лекувањето, кое доколку се прекине може сериозно да ја искомплицира состојбата на Ели.

После многу операции и 7 години во болница Ели ќе има можност да зачекори со своите другарчиња доколку ние ја покажеме хуманоста!

Да донираме на:

070/143-111 – само за корисниците на Телеком

077/143-775 – само за корисниците на ВИП

075/143-114 -само за корисниците на  ОНЕ

Сметка за Ели:
-Денарска
300001000024155
Комерцијална банка
Елена Додевска
 
-Девизна
Dodevska Elena
IBAN: MK07300307063080823
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X
KOMERCIJALNA BANKA

 

Да помогнеме сите ние Ели да го продолжи своето детство безгрижно, како што заслужува секое дете.

https://i2.wp.com/corba.mk/development/wp-content/uploads/Eli-1.jpg?fit=476%2C462https://i2.wp.com/corba.mk/development/wp-content/uploads/Eli-1.jpg?resize=105%2C70AleksandarРиалЕли е родена со многу ретка болест, тотален аганглионарен мега колон (нејзините црева не работат) што резултира со исклучително сериозни компликации и животозагрозувачка состојба. Како резултат на нејзината состојба, Ели седум години од детството ги минува живеејќи во болница одделена од своето семејство во придружба само на книгите кои ги...Смеј се секој ден
loading...