1. Разбуди се со сонцето. Моли се сам. Моли се често. Големиот Дух ќе слуша, само ако ти зборуваш.

2. Бидете толерантни кон оние кои се изгубиле кон својот пат. Незнаењето, лутината, љубомората и алчноста излегуваат од изгубените души. Молете се за нив да го пронајдат патот.

3.Барајте се себеси, низ себеси. Не дозволувајте другите да управуваат со вашиот пат. Тоа е твојот пат и само твој – Другите можат да одат со тебе но не можат наместо тебе.

4. Однесувај се со гостите во твојата куќата со многу внимателност. Послужете ги со најдобрата храна,дајте и го најдобриот кревет, однесувајте се кон нив со почит и праведност.

5. Немојте да го земате она што не е ваше, било да е од некои луѓе, заедница, дивина, или некоја култура. Тоа не се заслужува и дава. Тоа не е ваше.

6. Почитувајте го сето она што постои на земјата, без разлика дали се луѓе или растенија.

7. Почитувајте ги другите мислења, желби и зборови. Никогаш не прекинувај нечиј говор и преговор. Овозможи му на секој човек да се изрази.

8. Никогаш не зборувај лошо за другите. Негативната енергија која ја испраќаш во универзумот ќе ти се врати многукратно.

9. Сите луѓе прават грешки. Сите грешки можат да бидат простени.

10. Негативните мисли може да предизвикаат болест на умот, телото и духот. Вежбајте оптимизам.

11. Природата не е наша, тоа е дел од нас. Тоа е дел од нашето свето семејство.

12. Децата се семе на иднината. Всадувај љубов во нивните срца и ги полевај ги со мудрост и учења за животот. Додека растат, дајте им место да растат.

13.Избегнувај да повредуваш нелие срце. Отровот од таа болка ќе ти се врати.

14. Биди искрен во сите времиња. Искреноста е тест на наследството и конзистентноста во рамките на овој универзум.

15. Држи се во рамнотежа. Своето умно Јас, Духовно Јас, Емоционално Јас и Физичко Јас. Сите треба да бидат подеднакво силни, чиста и здрави. Зајакнувај го телото за да го зајакниш умот. Расти богато со духовност, да ги излечиш емоционалните рани.

16. Носи свесни одлуки, како, што ќе бидам и каков ќе бидам, како можам да дејствувам и да се справам со своите дела. Биди одговорен за своите дела.

17. Почитувај ја приватноста и личниот простор на друг. Не допирајте ја туѓата сопственост, особено не ги допирајте светите и духони реликвии. Тоа е забрането.

18. Бидете прво искрени со себе. Вие не може да бидете внимателен и да им помагате на другите ако не сте внимателни со себе и не си помагате себеси.

19. Почитувајте ја верската припадност на другите луѓе. Не присилувајте ги другите да веруваат во твоето.

20. Подели ја својата добра среќа. Подели и учествувај во давањето милостина.

 

https://i0.wp.com/corba.mk/development/wp-content/uploads/NativeAmericans.jpg?fit=432%2C312https://i0.wp.com/corba.mk/development/wp-content/uploads/NativeAmericans.jpg?resize=105%2C70AleksandarТипсТипс1. Разбуди се со сонцето. Моли се сам. Моли се често. Големиот Дух ќе слуша, само ако ти зборуваш. 2. Бидете толерантни кон оние кои се изгубиле кон својот пат. Незнаењето, лутината, љубомората и алчноста излегуваат од изгубените души. Молете се за нив да го пронајдат патот. 3.Барајте се себеси, низ...Смеј се секој ден
loading...