Градот е полн со пропаднати
љубови.
Низ улиците сеуште лутаат
бесполезни чекори кои трагаат по
другата половина од срцето.
Во секој агол се крие по една вистина,
по едно минато кое не успеало да
опстои во сегашноста.
На секоја дрвена клупа е испишана по една
бајка на двајца несреќни
„Ромео и Јулија“ кои ја закопале својата
љубов длабоко во таа тишина и се
предале во борбата против
судбината.
На секоја крстосница зборот „Збогум“
разделил две срца
кои никогаш не го нашле патот
еден до друг.
Под ова небо сите
премолчиле повеќе одколку што
требале да изустат,
исплакале повеќе солзи одколку што
облаците можеле да истурат.
Ги проголтале зборовите „Те сакам“
мислејќи дека ќе добијат повеќе
отколку што можат да изгубат, и
изгубиле.
Овој град крие многу празнина.
Места кои што биле
извор на среќа сега се само грбови
каде умираат спомените, и таа
празнина живее и во луѓето.
Лутаат со насмеани лица а душите полека
им се распаѓаат.
Купуваат излитена
среќа во прегратките на
погрешните по цена поскапа од
онаа што би вредела за
вистинските.

https://i2.wp.com/corba.mk/development/wp-content/uploads/Ljubav.png?fit=701%2C471https://i2.wp.com/corba.mk/development/wp-content/uploads/Ljubav.png?resize=105%2C70AleksandarАртАртГрадот е полн со пропаднати љубови. Низ улиците сеуште лутаат бесполезни чекори кои трагаат по другата половина од срцето. Во секој агол се крие по една вистина, по едно минато кое не успеало да опстои во сегашноста. На секоја дрвена клупа е испишана по една бајка на двајца несреќни „Ромео и Јулија“ кои ја закопале својата љубов длабоко во таа...Смеј се секој ден
loading...