Една постара мома повикала нотар, за да и го состави тестаментот.
Нотарот:
– Што сакате да склучам?
– Имам $ 40.000 на сметка!
– И како би сакале да ги распределите?
– Види, цел живот сум живеела сама, речиси не сум излегувала од дома, и затоа би сакала, погребот да ми се запамети подолго од на другите. Сакам да потрошам 35 илјади за погреб.
– За 35 илјади може да се организира доста пристоен погреб! А што ќе правите со останатите пет илјади?
– Гледаш, никогаш не сум имала маж … Затоа сакам за пет илјади да најдам некој маж, кој ќе ми даде малку љубов!
Нотарот ја составил целата документација и рекол дека ќе се обиде да најде таков плејбој. Кога се вратил дома, и раскажал се на жена си. Таа му рекла дека за 5 илјади сама ќе го однесе до таа жена и нема да го смета тоа за неверство.
И сабајлето таа го однела мажот до домот на постарата госпоѓица и останала да го чека во колата. Поминал час, два, а мажот не се појавувал. Тогаш жената на нотарот почнала да свири со сирената. Се отворил прозорец, се појавил нотарот и и викнал:
– Душо, земи ме утре наутро. Таа одлучи да биде погребана за сметка на општината …!

Зготвено од Ѓоко!

https://i1.wp.com/corba.mk/development/wp-content/uploads/Виц.jpg?fit=1024%2C576https://i1.wp.com/corba.mk/development/wp-content/uploads/Виц.jpg?resize=105%2C70AleksandarВицовиХуморVicovi,ВицЕдна постара мома повикала нотар, за да и го состави тестаментот. Нотарот: - Што сакате да склучам? - Имам $ 40.000 на сметка! - И како би сакале да ги распределите? - Види, цел живот сум живеела сама, речиси не сум излегувала од дома, и затоа би сакала, погребот да ми се запамети подолго...Смеј се секој ден
loading...