Виктор А.К.А. Башлак
Здраво, јас сум Стево Пеземеков имам 38 години и сум професор на Филозофскио факултет кај нас во Скопје. Сакам да кажам збор два нешто за Филозофијата, а на крај и да констатирам нешто шо сакам на сите да ви биди водилка во живото, а моите зборови да ги запамтите и сакам да ви стани јасно нешто околу филозофијата.
На нашио факултет имат излезено многу тешки филозофи. Во 2015 година дипломира најтешкио филозоф со 135 кила. Од ко дошол во Скопје од Гевгелија само хамбургери јадел и така стана многу тежок филозоф. А исто така кај нас во 2007та дипломира и една филозовка со највисоки достигнувања од 198 сантими, иначе по потекло од Ресен, а причината на нејзините филозовски високи достигнувања јас ја барам во континуитетот на јаболкоберот во Ресен. Се тегнело чупето по јаболката и зато ја достигна висината на филозофијата.
Кај нас на филозовскио факултет можам да кажам идат стално тие шо не ги бива за медицина, тие шо не ги бива за на ДИФ, не ги бива за математика и информатика, ама зато па ги бива за филозофија, ќе филозофира.
Ама јас на то ќе речам, за да малку го растеретам факултетов од такви филозофи, дека можите да филозофирате и без филозофвски факултет. Ете јас на пример имам еден другар, тој има Машински завршено, тој можи да ти филозофира на сите теми шо постојат во свето. Тој можи да ти филозофира за морков, столица, петлица,ноже за линолеум,религија, анатомија, квантна физика, љубовни ситуации, пијаници, со еден збор за се. Ти немора ништо да го разбериш, само запамти неколку работи шо кажва и после провери ги и ќе видиш дека ако не се точни тогаш ќе бидат делумно точни или пак скроз точни ( шо вели Груевски). Можи да ти филозофира за се, ете на пример мене ми има филозофирано за Стар Ворс 5 кафе пиења, ама Битолски кафе пиења, едно сат и пол. Јас мало макијато стандарт, тој прво црн чај му бара,а тие пак никогаш немаја, па овој после зелен му бараше, таков имаја. Пола кафичи заради него црн чај набавија во Битола, ама џабе сега ете запролети, пак на Тоник ќе му сврти.
Него шо ми е зборо. Таја Филозофијата е измислена мајка на науките, како на Барон ова шо му е измислена во оној филмо пр. “Taжни деној на турската серија во Македонија” или нешто слично со тажно, оти сите се тажни.
То шо измислија Грците, као демек филозофи ова она, то го измислија од шо не ги биваше за друго,замо за тропање глупости кои секој можи да си ги свати како шо сака, а тие па поќето шо ги биваше да филозофират беа асли Македонци.
Ако постој то со Филозофијата нешто, единствената филозофија на животот е само вашата, вие си ја прајте целата филозофија, целата смисла. Се шо е битно го земате во предвид и дискутирате за тоа, поставувате свои ставови и целите кон нив. А то шо не е битно го тргате настрана, за да ви стани полесно, многу полесно. Филозофијата на љубовта, на семејството, на другарството, мирот, толеранцијата, религијата то е се ваше, вие го правите, никој друг… Се е лага и измама.
И ќе завршам со една чиста вистина и анегдота кај нас во факултето.
Оди еден студент, на Филозовскио шо е овој кај нас во Скопје факултето, на еден професор му вика:
Студент: Професоре, еве веќе неколку дена размислувам на една тема и многу ми е тешко. Дали пофесоре мислите дека некоја сакана личност може да се врати во вашиот живот?
Професоро: Ако таа личност што ти ја чекаш да се врати, била сакана личност за тебе, тогаш таа никогаш немало да си замини.
Поздрав !!!

Виктор А.К.А. Башлак

https://i2.wp.com/corba.mk/development/wp-content/uploads/Filozofiija.jpg?fit=400%2C323https://i2.wp.com/corba.mk/development/wp-content/uploads/Filozofiija.jpg?resize=105%2C70AleksandarХуморВиктор А.К.А. БашлакВиктор А.К.А. Башлак Здраво, јас сум Стево Пеземеков имам 38 години и сум професор на Филозофскио факултет кај нас во Скопје. Сакам да кажам збор два нешто за Филозофијата, а на крај и да констатирам нешто шо сакам на сите да ви биди водилка во живото, а моите зборови да...Смеј се секој ден
loading...