Цариградскиот патријарх Вартоломеј го одобри филмот за светите браќа Кирил и Методиј, во кој се зборува дека биле Македонци, но не и за Бугари.

vertolomej

Сето тоа ги вознемири луѓето од Бугарскиот културен клуб во Скопје.

Историскиот филм за светите браќа Кирил и Методиј е дело на чешкиот режисер Петр Николаев, а во продукција на Виктор Криштоф.

Новиот филм за светите браќа е снимен по повод 1150-годишнината од почетокот на мисијата на Кирил и Методиј во Моравија и се бави со прикажување на нивните дела во ширењето на словенската писменост.

Филмот е снимен во копродукција со Чешката телевизија и студиото Барандов од чешкиот главен град, во соработка со словенски, руски и словачки партнери. Во подготовката на сценариото учествувале експерти од Римокатоличката црква, Православната Црква на Чешка и Словачка, Чешката академија на науките и Моравскиот музеј, а буџетот на филмот е 2,24 милиони евра.

Кирил и Методиј, родени во Солун се заслужни за појавата на словенското писмо, развојот на словенската култура, преводот на Стариот Завет и имале значително влијание врз историјата на словенските народи. Сесловенските просветител во Чешка се сметаат за основоположници на темелите на модерната чешка државност.

Сепак Бугарите сметаа дека овие просветители имаат бугарски корени.

Извор Пустец

https://i1.wp.com/corba.mk/development/wp-content/uploads/vertolomej.jpg?fit=660%2C515https://i1.wp.com/corba.mk/development/wp-content/uploads/vertolomej.jpg?resize=105%2C70AleksandarРиалРеалЦариградскиот патријарх Вартоломеј го одобри филмот за светите браќа Кирил и Методиј, во кој се зборува дека биле Македонци, но не и за Бугари. Сето тоа ги вознемири луѓето од Бугарскиот културен клуб во Скопје. Историскиот филм за светите браќа Кирил и Методиј е дело на чешкиот режисер Петр Николаев, а...Смеј се секој ден
loading...