Легендарниот лидер на Кубанската револуција Фидел Кастро најави на својот настап на 7 конгрес на Комунистичката Партија на Куба дека со оглед на годините тоа ќе биде веројатно неговиот последен настап на партискиот собир.

Меѓуоа многу позначајно е тоа што тој го рече за комунизмот и неговата иднина.

Прво оцени дека раководењето со народот во време на криза е нечовечка работа.

Па продолжил – без криза, секоја промена би била невозмажна.

Во продолжение рекол дека – Комунизмот претставува најискривувана и најклеветена концепција во историјата.

За тоа се погрижиле оние кои имале и имаат привилегија да ги експлоатираат сиромашните и обесправените, лишувајќи ги од материјалните добра кои ги обезбедуваат работатата, талентот и човечката енергија.

Фидел предвиде – Човештвото ќе доживее нова социјална револуција. Октомвриска револуција во нови услови.

Само ги опомена Кубанците – Комунистичките идеи мора да се бранат. Ние мораме на своите браќа во Латинска Америка и во светот да им кажеме дека Кубанскиот народ ќе биде победник.

Куба во времето на диктатурата на Батистута беше американски рај за перење пари и земја со 8500 јавни куќи, во кои се продавале женски и машки проститутки, па дури и деца.

Сето тоа беше под контрола на американската мафија, а дури 70 % од економијата на Куба ја држеа САД.

Сето тоа било избришано со револуцијата на Фидел!

 

Извор http://novayugoslavia.blogspot.mk/

https://i2.wp.com/corba.mk/development/wp-content/uploads/fidel-castro.jpg?fit=400%2C208https://i2.wp.com/corba.mk/development/wp-content/uploads/fidel-castro.jpg?resize=105%2C70AleksandarРиалСмешно видеоЛегендарниот лидер на Кубанската револуција Фидел Кастро најави на својот настап на 7 конгрес на Комунистичката Партија на Куба дека со оглед на годините тоа ќе биде веројатно неговиот последен настап на партискиот собир. Меѓуоа многу позначајно е тоа што тој го рече за комунизмот и неговата иднина. Прво оцени дека...Смеј се секој ден
loading...