Хев а убав деј!

“Имајте убав ден” или како aмериканизмите полека но сигурно навлегуваат во македонскиот јазик!

Секако сте приметиле дека во секојдневната комуникација сите веќе ја применуваат оваа фраза! Искрено немам ништо против фразата иако не ја употребувам! Но ако се вратиме дваесетина години наназад ќе се потсетиме дека во тоа време повеќе се употребуваа “Пријатно”, “Пријатен ден”, “Со здравје”, “Убав ден” итн.

Мене најискрено најубав поздрав ми е “Со здравје” бидејќи најмногу ме потсетува на бабите и дедовците кои редовно го користеа тој поздрав, но времето и навиките многу брзо се менуваат па …

Пишете ни во коментарите кој поздрав е најубав за вас и што мислите за зголемената употреба на Американизми во нашиот јазик! 🇲🇰

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *