Шефот на една од најголемите авиокомпании во светот доброволно си ја намалил платата за околу 60%, на приближно 90.000 долари годишно — сума што е помала од она што го заработуваат многу негови пилоти. Со тоа сакал да спречи отпуштања во компанијата и да ги заштити работните места на вработените.
Станува збор за Харука Нишимацу, од јапонската авиокомпанија „Јапан ерлајнс“. Тој прифатил скромен начин на живот: патувал со автобус до работа, носел облека од попристапни продавници и јадел во работничката менза.

Дури и ја отстранил вратата од својата канцеларија за да биде лесно достапен за секого.
Неговото размислување било дека администрацијата треба да им служи на работниците на првата линија, кои пак им служат на клиентите.
Може ли да си замислите вакво нешто на Балканов?