Кина преку ноќ ги брише инфлуенсери кои се фалат со својот луксуз

Конечно некој во светов да направи нешто за децава да гледаат помалку токсични содржини на интернет. Кина започна силна и координирана акција против инфлуенсери во Кина кои јавно се расфрлаат со екстремно богатство на социјалните мрежи. Кинеската администрација за сајбер-простор (CAC) директно ги насочи своите мерки кон профили кои прикажуваат луксузни автомобили, огромни вили, дизајнерска облека, скап накит и патувања со приватни авиони. Властите овој феномен го нарекуваат „обожување на парите“ и сметаат дека тој има штетно влијание врз општеството.

Е не ќе ги чешла, убаво им направи. Веројатно ќе се простат и од богатството

Меѓу најпознатите санкционирани автори на содржини е Ванг Хонгкванксинг, на интернет познат како „кинеската Ким Кардашијан“. Тој имаше повеќе од четири милиони следбеници на платформата Douyin (кинеската верзија на TikTok), каде што редовно се фалеше дека поседува седум луксузни имоти во Пекинг и дека никогаш не излегува од дома со облека и накит вредни помалку од 1,4 милиони долари. Преку ноќ, неговиот профил, заедно со профилите на неколку други популарни инфлуенсери (како „Бo Гонгзи“ и „Сестра Абалон“), станаа целосно недостапен поради „прекршување на правилата за самодисциплина“.

Кинеската влада официјално соопшти дека целта на оваа чистка е создавање поздрава онлајн култура, заштита на младите и спречување на ширењето на токсичниот материјализам.

Целата приказна брзо стана вирална токму поради радикалноста и брзината на процесот. Кина не испрати само предупредување до луѓето да престанат да се фалат, туку со помош на алгоритмите почна целосно да ги отстранува од мрежите оние кои ја изградија својата слава и кариера исклучиво околу материјалното богатство. Инфлуенсерите кои до вчера се перчеа со нивните равтомобили и луксузна облека може да се каже дека останаа без работа. Епа убава порака до младите и амбициозни инфлуенсери или однесувајте се поскромно или во Кина барем нема да може да правите пари од видеа!

Се чини дека оваа порака од кинеското раководство до сите т.н. инфлуенсери сакале неќеле ќе мора да ја прифатат и да го сменат своето однесување. Значи работете, снимајте, правете пари ама однесувајте се поскромно.

Така тоа се прави во јаки држави. Секоја Чест! А вие што мислите дали ја оправдувате одлуката на кинеската влада или мислите дека е претерана казната?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *