Навидум обична квечерина на островот, размуабетени туристи се шетаа по тесните улички и тогаш се слушнаа звуците на кавалот. Луѓето наеднаш застанаа збунети и воодушевени од звуците на кавалџијата и неговата “Бавна мелодија”. Бидејќи настапот не бил однапред најавен, туку спонтан перформанс на карпите, нивната реакција го прави ова видео уште поубаво.

Луѓето гледаат кон кавалџијата во правец на зајдисонцето и и се чудат, како наеднаш сите да се претворија во уво и некако сите тие туристи и мештани како да станаа едно. Како да се вратија назад во времето. Се опија без пиво и ракија. Само едно неопишиво чувство кое кое исконски се пробуди кај нив и вие веројатно може да го доживеете истото чувство (минус зајдисонцето и средината) гледајќи го ова видео. Овој перформанс го приреди Теодосиј Спасов летото 1991 година. Нас ни е познат од соработките со Влатко Стефановски како и од Скопскиот Џез фестивал. Омилен лик е на Балканот и во светот. Инаку тој е музичар кој го трансформира традиционалниот кавал во модерен џез и концертен инструмент. Неговиот уникатен стил претставува генијален спој на балканскиот фолклор со класична музика, етно и современа џез импровизација.
Бидејќи не сме на островот за да подобро да ја доживеете мелодијава ви препорачувам едно пивце или ракиичка и да се вратиме и ние назад во времето!
Пишете ни како ви се допадна мелодијава ?