Камион пропадна на нова улица во Охрид! Ете само еден месец и шлап, пропадна камионот, сигурно бил многу натоварен. Од опозицијата побрзаа да искритикуваат како тоа се случило бидејќи градоначалникот бил од власта. Интересно е што само еден ден претходно овие од власта го критикуваа градоначалникот на Центар за свлечиштето на Теодосиј Гологанов и како бумеранг одма им се врати со улицата во Охрид.

Изгледа најдобро е да престанат да се обвинуваат меѓу себе оти ни едните ни другите не се цвеќиња. Туку да се обидат да работат по прописи и најважно со стручен технички надзор кој ќе каже како се прави улица за да издржи поголеми возила или како се прави ископ за зграда по градежни стандарди.
И додека секаде во најразвиените земји во светот едвај може да најдат работници да им работат во државна администрација бидејќи ја сметаат за досадна и монотона кај нас партиски се изнапикани од едните, другите и третите и најтажно е што тие не си ја вршат својата работа и наместо да пратат инспектори таму каде што треба или да вработат повеќе стручни лица за надзор се вработуваат административци кои само си играат игри на работа и висат на фејсбук и потоа се случуваат вакви работи.
Ама можеби ќе се разбудат малку од летаргијата и ќе почнат да си ја работат својата работа односно да проверуваат градежни објекти, да вработуваат стручни луѓе за да не се случуваат вакви немили настани во иднина.