Политика за Приватност

Последно ажурирање: Ноември, 2026 година

Веб-порталот corba.mk ја почитува вашата приватност и е посветен на заштита на личните податоци на своите посетители. Оваа Политика за приватност објаснува како ги собираме, користиме и штитиме вашите информации кога го посетувате нашиот сајт.

Веб-страницата corba.mk е во сопственост и издавачка дејност на правното лице Виртус Цаса Реал Естате ДООЕЛ Скопје.

1. Кои податоци ги собираме?

Ние собираме минимален обем на податоци потребни за нормално функционирање на веб-страницата:

  • Информации кои сами ги споделувате: Кога нè контактирате преку е-маил (info@corba.mk, marketing@corba.mk).
  • Автоматски собрани податоци (Колачиња / Cookies): Податоци за вашиот уред, IP адреса, прелистувач и начинот на кој го користите сајтот, со цел да се подобри корисничкото искуство и брзината на сајтот преку алатки како Google Analytics и PageSpeed Insights.

2. Реклами и Колачиња од трети страни (The Moneytizer и Google AdSense)

Со цел да го монетизираме овој бесплатен веб-портал, соработуваме со независни маркетинг платформи, првенствено со The Moneytizer и нејзините партнери (вклучувајќи го и Google AdSense).

Овие компании користат колачиња (cookies) за прикажување на реклами базирани на вашите претходни посети на овој или на други веб-сајтови на интернет:

  • Рекламните мрежи користат технологии кои автоматски ги регистрираат вашите импресии и интеракции со банерите.
  • Овие податоци се користат за прикажување на релевантни реклами прилагодени на вашите географски и тематски интереси (на пример, прикажување локални реклами за Македонија и Балканот).
  • Вие можете да ги исклучите персонализираните реклами во секое време преку поставките на вашиот интернет прелистувач (Chrome, Safari, Firefox) или преку алатките за одбивање на колачиња.

3. Автоматски превод (GTranslate)

Нашиот сајт користи додаток GTranslate кој овозможува автоматски превод на повеќе јазици (англиски, српски, албански, бугарски, хрватски). Овој додаток може да го идентификува претпочитаниот јазик на вашиот прелистувач за автоматски да ви ја прикаже соодветната јазична верзија на содржината.

4. Линкови до други веб-страници

Нашите статии често содржат вградени видеа (од социјалните мрежи) или линкови до други надворешни медиуми. Ние немаме контрола врз политиките за приватност на тие трети страни.

5. Вашите права

Како корисник, имате право да побарате увид во податоците што ги имаме за вас, нивна корекција или бришење. За какви било прашања во врска со вашите податоци, можете да нè контактирате директно на нашиот официјален е-маил: info@corba.mk.