Надимакот му го дал императорот Адриен кој бил импресиониран од тоа што малиот Марко, за разлика од сите други деца на дворот кои се служеле со ласкање и лаги за да му се додворат на императорот, секогаш ја кажувал суровата вистина и бил брутално искрен. Уште на 12 години спиел на подот и носел филозофска наметка за да вежба дисциплина. Неговата мајка едвај го убедила да спие на едноставен војнички кревет со животинска кожа. Многу ја сакал жена му Фаустина иако го изневерувала. За неа напишал дека би живеел во егзил на пуст остров со неа отколку во палата без неа. Кога државната каса била празна поради војните и чумата, тој организирал аукција во Форумот каде ги продал златните садови, кристалите, свилата и накитот на својата сопруга за да ги плати војниците наместо да ги зголеми даноците на народот. Кога ги посетувал филозофите во Александрија, се облекувал како обичен граѓанин, без царски обележја. Тој запишал дека секое утро водел внатрешна борба за да стане од кревет. Се убедувал себеси: „Морам да одам на работа – како човечко битие… Дали сум создаден само за да лежам под ќебиња и да ми е топло?“.

да ја погледнеме оваа извонредна сцена од филмот “Гладијатор” која не е случајна бидејќи потеклото на Марко Аврелиј е од Шпанија а баш и надимaкот на главниот лик во филмот е Шпанец па затоа …
Пишете некој негов цитат во коментари ![]()