
За Владо Георгиев велат дека е авантурист ама и пејач што ја има најсуптилната музичка емоција во бивша ЈУ од поновата генерација пејачи. Комбинацијата на назален баритон, медитерански шмек, џез елементи и тага за љубената без патетика го прават Владо уникатен музичар на Балканот. Погледнете како пеел пред 25 години со еден убав видео запис од времето без мобилни и со природни девојки! Патем, вечерва Барба (Чичко или Чичо во превод) како што го нарекуваат има концерт во Скопје! Од Вардар до Триглав е многу популарен и насекаде има полни сали, а за неговите концерти се збори ако сакаш да видиш убави жени оди на концерт на Георгиев!
https://www.youtube.com/watch?v=BT_ABqhJTD8
Пишете ни во коментари што мислите за неговото пеење и атмосферата на неговите концерти!