„Приказни од дивиот Исток“

„Горд сум на нашата жилавост. И покрај сиот нарушен идентитет, заврзани раце, крпа во уста, обезличеност и распарченост, жив сум и гладен сум за живот. Знам дека ме има според нападите со кои работат да ме снема. Знам дека сум според упорноста со која се трудат да не сум. Мојата жилавост излегува од аванот во кој ме толчат и тиганот во кој се крчкам. Токму тој аван и тој тиган се моите места на моќ.„

За Горан може да се пишува многу ама она што го прави единствен е комуникацијата со публиката преку маалските реплики и навидум наивните забелешки на неговите ликови за општествено политичките случувања но со многу јака поента. И што најмногу ви се допаѓа од него? Мене лично “Бушава азбука” и “Диво Месо”.

Омилена ми е репликата кога Симон пијаницата ќе го прашаат дали сака да се напие една ракија а тој одговара: -“Ајде да се напијам и јас една, нека влезе свинче у џамија”. Хаха. Јако!

Не знам кој е авторот на фотографијава на Горан ама секоја чест! Врв!

Ако имате некоја омилена реплика од неговите драми пишете ја во коментари!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *