Навидум обична квечерина на островот, размуабетени туристи се шетаа по тесните улички и тогаш се слушнаа звуците на кавалот. Луѓето наеднаш застанаа збунети и воодушевени од звуците на кавалџијата. Бидејќи настапот не бил однапред најавен, туку спонтан перформанс на карпите, нивната реакција го прави ова видео уште поубаво.

Луѓето гледаат кон кавалџијата во правец на зајдисонцето и и се чудат, како наеднаш сите да се претворија во уво и некако сите тие туристи и мештани како да станаа едно. Како да се вратија назад во времето. Се опија без пиво и ракија. Само едно неопишиво чувство кое и вие може да го доживеете гледајќи го ова видео. Овој перформанс го приреди Теодосиј Спасов летото 1991 година. Нас ни е познат од соработките со Влатко Стефановски како и од Скопскиот Џез фестивал. Омилен лик е на Балканот и во светот. Инаку тој е музичар кој го трансформира традиционалниот кавал во модерен џез и концертен инструмент. Неговиот уникатен стил претставува генијален спој на балканскиот фолклор со елементи на класична музика, етно и современа импровизација.
Бидејќи не сме на островот за да подобро да го доживеете видеово ви препорачувам едно пивце или ракиичка и да се вратиме и ние назад во времето!
Пишете ни како ви се допадна мелодијава ?