Новиот бисер на Јувентус: Керим Алајбеговиќ чекори по стапките на Кенан Јилдиз
Италијанскиот гигант Јувентус во своите редови има уште еден исклучителен фудбалски дијамант кој неодоливо потсетува на приказната за Кенан Јилдиз. Станува збор за Керим Алајбеговиќ, суперталентираното лево крило кое веќе ги освојува срцата на навивачите на „Старата дама“.
Германска школа за балкански мелос. Слично како и Јилдиз, Алајбеговиќ е роден во Германија (Келн, 2007 година), каде што ја помина комплетната младинска фудбалска школа. Неговиот огромен потенцијал прво го брусеше локалниот ФК Келн, а потоа неговиот развој продолжи во престижната академија на Бајер Леверкузен. Германската дисциплина и врвната тактичка едукација се забележуваат во секој негов потег на теренот.
Патот до Торино преку Салцбург. Иако потпиша професионален договор со Леверкузен, неговата вистинска експлозија во сениорскиот фудбал се случи во австрискиот Ред Бул Салцбург. Таму Алајбеговиќ одигра импресивна сезона со 44 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи дури 13 голови. Овие перформанси беа доволен сигнал за скаутите на Јувентус експресно да го доведат во Торино како долгорочна иднина на клубот.
Брилијантниот блесок против Наполи: Прво па машко! А дека парите се паметно инвестирани, младиот Босанец покажа на најголемата можна сцена – во дербито против Наполи.
Прво па машко за босанскиот репрезентативец каков гол, еврогол секоја чест момче. Јувентус го победи Наполи со 2:0 и Алајбеговиќ беше убедливо најдобар играч на теренот уште пред да го даде голот. Едноставно доминираше на теренот и се поигруваше со противничките играчи.
Во второто полувреме кога влезе во игра Едон Жегрова, по еден мајсторски дриблинг на средината на теренот му даде одлична топка на Керим и следеше мајсторски удар на младиот талент кој со помош на стативата постигна гол и ги израдува Јувентините. До крајот следеше уште еден гол на Жереми Бога за конечни 2:0 и малку радост кај напатените навивачи на Старата Дама кои во последно време немаа баш причини за радување.
Можеби оваа победа која го спаси тренерот Лучано Спалети од отказ ќе биде пресвртница па Јувентус ќе влезе во добра серија но, барем засега може малку да здивнат.
Наследник во отсуство: Шанса за деби-соработка која навивачите едвај ја чекаат
Оваа фантастична партија на Алајбеговиќ доаѓа во специфичен момент за клубот. Она што дополнително ја заинтригрира јавноста во Торино е прашањето како ќе изгледа нападот на Јувентус кога двајцата суперталенти конечно ќе се најдат заедно на теренот. Имено, поради незгодната повреда на метатарзалната коска и последователната операција на почетокот на сезоната, Кенан Јилдиз сè уште е надвор од терените. Токму затоа навивачите сè уште немаа прилика да го видат овој „германско-балкански“ тандем во акција.
Сепак, токму оваа несреќна околност со повредата на Јилдиз му ја отвори вратата на Алајбеговиќ експресно да се наметне кај тренерот Спалети. Наместо Јувентус да троши на скапи и докажани алтернативи, стручниот штаб му ја довери левата крилна позиција на Керим, кој веднаш испорача резултати.
Фудбалските аналитичари предвидуваат дека по целосното закрепнување на Јилдиз, Јувентус ќе добие застрашувачка тактичка флексибилност. Јилдиз ќе може да се повлече во средината како класична „десетка“, додека левата офанзивна страна ќе остане сопственост на разиграниот Алајбеговиќ. Двајцата играчи кои го зборуваат истиот јазик и потекнуваат од слична фудбалска култура, се проектирани да станат движечката сила на тимот во следните десет години. Моменталното отсуство на Јилдиз само докажа дека Јувентус има неверојатна длабочина во составот и дијамант кој веќе блеска во Серија А. Ајде во продолжение да ги погледнеме головите и некои од шансите од натпреварот.



