Секогаш има луѓе кои ни кажуваат треба ова да правиш, па треба она да правиш, па не знам уште што. Ама тука е Ане Пашка со нејзината кратка песна да им одговори на сите тие што велат треба …
Ане Пашка (Ана-Марија Фабијаниќ) е истакната хрватска мултимедијална уметница, музичарка и драматург, препознатлива по својот уникатен израз кој ги руши класичните уметнички граници.
Tаа ги спојува театарот, поезијата, музиката и видеото во живописни перформанси кои ја будат фантазијата. Нејзиното творештво — кое вклучува инспиративни музички албуми и книги со поезија — често се опишува како вистински „салон за разубавување на душата“.



