Силно невреме со екстремен пороен дожд, проследено со пад на температурите за над 10 степени, денеска ја поплави областа на Сплит. На сета мака се појави храбар возач кој реши до помине преку водата и за негова среќа успеа погледнете го подоле. Локалните метеоролошки станици известуваат дека за кратко време паднало повеќе дожд од просекот за цел јуни. Водата предизвика порои по улиците, блокираше возила и исфрли капаци од шахтите. Полицијата апелира до возачите за максимална претпазливост поради влажните коловози, одрони на патиштата и акумулираната вода, додека надлежните служби веќе работат на расчистување на теренот.
Во невремето во Сплит се појави Рено Амфибија (Видео)


