На Фон Дер Лајен и фатија за кусур за изјавата во Скопје за нашиот идентитет и јазик . И оваа кутрата си вика шо па сега е проблемот? Она као го кажа тоа за да не смирува со Бугарите, па оп сега Грците рипнаа. Нека бапне една ракија оти на трезно овие глупости на Балканов не се процесираат. Во 21 век, навистина е срамно што сè уште постои спор околу тоа како се вика еден народ, кој е неговиот идентитет и на кој јазик зборува. Македонија и Македонците не треба да бараат дозвола од никого за да постојат такви какви што се.
Македонците не бараат привилегии, туку почитување на своето достоинство и право да го зачуваат она што се. Ниту една држава не треба да очекува дека нејзините соседи ќе се откажат од дел од својот идентитет за да бидат прифатени.
Добрососедството не се гради со притисоци, условувања и негирање, туку со заемна почит. Ако сакаме вистинска европска иднина, тогаш мора да важат исти принципи за сите — почитување на различностите, дијалог и еднакво достоинство. Жими со Србите и Албанците што немаме отворени прашања. На исток и на југ уште многу вода низ вардар ќе треба да помине за да размислуваме добрососедски од сите страни. Но да ги разбереме и нив политичарите мора да реагираат и да сеат омраза меѓу народите. Бидејќи на Балканот историјата е најбитна и секој си ја толкува на свој начин. А народот и кај нас и кај нив си ја гледа живеачката и не се оптеретува многу со глупостите на оние што наместо да гледаат напред гледаат назад кон историјата. До кога Балканот ќе остане заглавен во историјата? Е тоа е добро прашања на кое се надеваме дека нема навистина да мора да помине толку многу вода по вардар за да се најде одговор.
Време е старите спорови да престанат да бидат изговор за нови поделби. Историјата може да нè разделува во толкувањата, но иднината не мора да нè разделува како соседи.



