Според очевидците ајкулата која е снимена во близина на плажите на Лутра Орајас Еленис во Коринт била голема околу 2,5 метри. Малото туристичко место има околу 1000 жители.

Обично во екот на сезоната кога има многу капачи воопшто не доаѓаат ајкули на плажите во Грција но ете оваа ајкула веројатно го осетила мирот и тишината па во потрага по храна малку залутала.
Инаку најопасни места и плажи во светот се на Флорида, Сиднеј, Кејптаун, Бахамите и Папуа Нова Гвинеја. Ајде да го погледнеме видеото, трае само дваесетина секунди.