“Брат, брата не рани, тешко оној кој го нема” ова и за Лавовите важи (Видео)

Млад лав опколен од глутница хиени во дивата природа, сцена од документарец на BBC Earth.

Лавот отсекогаш бил симбол на моќ и сигурност, но суровата дива природа крие моменти кога дури и кралот на животните е немоќен сам против сите. Ова неверојатно вирално видео од документарците на BBC Earth го докажува токму тоа.

Приказната започнува кога младиот и неискусен лав се наоѓа на погрешно место во погрешно време. За само неколку минути, тој е целосно опколен од преку дваесет агресивни и гладни хиени. Иако лавот се бори храбро и со последното парче сила ги одбива нивните напади, суровата реалност брзо излегува на површина. Бројноста на хиените си го прави своето. Лавот почнува драматично да се изморува, неговите крикови за помош стануваат сè потивки, а на глутницата им е јасно дека победата е близу.

Но, тогаш се случува чудо кое ја потврди старата народна поговорка. Од далечината, привлечен од криковите за помош, со полн трк пристигнува неговиот брат. Тој не се двоуми ниту една секунда и веднаш се фрла во најгустата битка за да го спаси својот брат од сигурна смрт.

За целосно доживување ви предлагам да го погледнете второто видео од 3 минути најдоле во текстот. А доколку немате време тогаш првото помалку од минута.

Погледнете ја оваа неверојатна филмска сцена од реалниот живот која ни докажува дека братската љубов и верност не познаваат граници – ниту кај луѓето, ниту кај животните:

И ако сакате целото видео од 3 минути

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *