Моментот кога Роберто Бенини ја бореше Рафаела Кара во 1991 на ТВ во емисија во живо (Видео)

Роберто Бенини и Рафаела Кара "борба" на ТВ

Кога ќе го викнете Роберто Бенини во емисија во живо, тоа е исто како во студиото да имате темпирана бомба. Никогаш не знаете кога ќе експлодира, а кога тоа ќе се случи, штетата врз сценариото е тотална, но забавата за гледачите е загарантирана. Токму тоа се случи на 19 октомври 1991 година, за време на култното италијанско шоу „Fantastico 12“ на каналот Rai 1, кога светот сведочеше на еден од најскандалозните, но и најсмешните моменти во историјата на телевизијата.

Домаќин на емисијата беше легендарната италијанска дива, пејачка и водителка, неповторливата Рафаела Кара (Raffaella Carrà). Таа вечер го најави Бенини како свој специјален гостин, очекувајќи класично интервју. Но, наместо со мирен разговор, Бенини буквално „влета“ на сцената како ураган.

Пред милионскиот аудиториум, тој физички ја нападна водителката со прегртки, ја собори на подот и започна буквално да се бори со неа, викајќи го денес веќе легендарниот израз „Bella chiappa!“ (што во слободен превод значи „Убав задник!“). Во налет на глумена страст, тој упорно се обидуваше да ѝ се пикне под здолништето, додека Кара, низ неконтролиран смеа, се обидуваше да го задржи фустанот и да ја спаси живата програма. Како тоа да не беше доволно, Бенини веднаш потоа одржа неколкуминутен монолог редејќи ги сите можни народни и вулгарни изрази за машките и женските гениталии.

Едноставно, генијалноста на Роберто Бенини не може да се контролира. Тој не познава граници, протоколи или цензура. Неговата ексцентрична природа и уметничка лудост подоцна ја виде и целиот свет. Сите се сеќаваме на доделувањето на Оскарите во 1999 година за неговиот ремек-дело филм „Животот е убав“ (La vita è bella). Кога Софија Лорен го изговори неговото име, Бенини наместо да се качи по скалите, почна буквално да скока и да оди преку потпирачите за грб на столчињата, газејќи над главите на најголемите холивудски ѕвезди. Тоа е едноставно тој – непредвидлив и незапирлив.

По инцидентот во 1991 година, италијанската јавност беше во шок, а конзервативните кругови бараа казна. Меѓутоа, самата водителка Рафаела Кара никогаш не му замери на Бенини. Како врвен професионалец со големо срце, таа сфати дека тоа е дел од неговиот комичен гениј и до крајот на својот живот остана во одлични односи со него, честопати сеќавајќи се на овој настан со насмевка.

Но, Бенини не застана тука низ годините. Како голем критичар на општеството, тој во своите подоцнежни телевизиски настапи редовно ги зафркаваше моќните политичари. Неговата омилена „тактика“ беше ненадејно да им се стркала во скут, да ги гушка и да ги бакнува во живо на телевизија, кршејќи ја целата нивна политичка сериозност. А за тоа дали политичарите и сите други моќници подоцна му замериле за овие јавни понижувања – е тоа, искрено, не знаеме! Но, судејќи по нивните кисели насмевки пред камерите, сигурно не им било многу „лабаво“.

Погледнете го ова урнебесно видео од 1991 година кое остана запишано во историјата на телевизијата. Првото видео во првите 45 секунди го покажува настанот а подоцна е емисја за настанов од денешна перспектива со водителката и други гости. Ворото видео е остатокот од шоуто кога ги зеза и политичарите и им се качува во скут. Во второто видео имате и превод на МК ама англискиот превод е подобар.

И еве го вториот дел од остата вечер

Хехе. Роберто Бенини еден и единствен! Дека Бенини не е само обичен кловн, туку човек со огромна емпатија кој живата програма ја користи за да ја разбуди свеста, докажуваат и неговите неодамнешни јавни појавувања. На гостувањето во живо во познатата италијанска емисија Propaganda Live на La7, Бенини целосно ја замолкна публиката со својот емотивен и бурен говор против војните, ставајќи посебен акцент на страдањата на децата во Палестина и Газа.

Видливо потресен и со гнев во гласот, тој направи генијална компарација: „Кога децата си играат војна, штом едно од нив малку ќе се повреди или ќе се изгребе, играта веднаш прекинува. Зошто тогаш возрасните продолжуваат да убиваат деца во вистинските војни?“. Со овој силен крик за мир, тој уште еднаш покажа дека неговата експлозивна енергија на телевизија може да предизвика скандалозна смеа, но кога е потребно – и длабоки солзи за човештвото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *