Кога ќерките бараат зет: Сестри дојдоа на ТВ за конечно да ѝ најдат маж на мајка им! (ВИДЕО)

Две сестри и нивната мајка во емисијата El diario de Jorge на ТВ Telecinco

Дали некогаш ви се случило вашите деца да ви го планираат љубовниот живот? Токму тоа се случува во хит емисијата „El diario de Jorge“ на шпанската телевизија Telecinco, каде две симпатични сестри станаа вистинска сензација на социјалните мрежи!

Маргарита и Росио решија дека е доста со сингл животот на нивната 56-годишна мајка и ја донесоа во студиото со една јасна мисија – да ѝ најдат партнер еднаш засекогаш! Но, тоа не е сè. Овие две девојки се толку брзи, што не само што бараат зет, туку веќе до најситен детал ја имаат испланирано и целата свадба!

„Бараме совршен маж, иако знаеме дека не постои!“

Додека мајката скромно објаснува дека сонува за својата идеална свадба бидејќи никогаш не била во брак, нејзините ќерки искрено и низ смеа ја „спуштаат на земја“ со зборовите: „Мамо, не барај совршен маж, таков не постои!“ Но, мајката не се откажува од своите високи критериуми и точно знае што сака на свои 56 години.

Погледнете го ова урнебесно видео кое за кратко време собра илјадници лајкови и коментари – од мажи кои веднаш се нудат да се омажат за ќерките, па сè до оние кои навиваат за мајката конечно да ја најде својата сродна душа! Па ако има некој од нашиве ергени што знае шпански нека си ги проба шансите?

Пуштете го видеото и уживајте во нивната позитивна енергија:

Ех срцки се девојчињава. Секоја чест. Битно не мора да е совршен ама мора да сака свадбена церемонија. Шпанија и не толку далеку. Има некој кандидат? Шо велите добро постапиле или не требало да и бараат маж на мајка им?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *