Ликот Џои Трибијани го игра актерот Мет Лебланк (Matt LeBlanc). Роден е на 25 јули 1967 година, што значи дека денес има 59 години.
Во легендарната серија „Friends“ ја толкуваше улогата на Џои од 1994 до 2004 година, во текот на сите 10 сезони и вкупно 236 епизоди. По завршувањето на серијата, доби и своја спин-оф серија „Joey“, а подоцна глумеше во сериите „Episodes“ и „Man with a Plan“.
Во последните години Мет Лебланк е многу помалку активен во јавноста и ретко прифаќа нови актерски улоги, претпочитајќи помирен и поприватен живот.
Инаку интерсно за него е што е голем љубител е на автомобили и беше еден од водителите на британската емисија Top Gear од 2016 до 2019 година.
Секако деновиве е популарен на социјалните мрежи по ова меме кои ние малку го изменивме за да ја “боцнеме” малку Џенифер Анистон, која има грчко потекло. Се надеваме дека ви се допадна.



