Еден американски пар долго време се обидувал да има деца… Пробувале сѐ и сешто, и природно и вештачки…
Слушнале еден ден дека на некој рид во Мариово има некој стар дедо кој лечел сѐ, од сида до местење зглобови и што уште не. Па решиле да одат кај него…
И така дошле тие, седнале пред колибата каде што ги примал луѓето и почнале да му раскажуваат за своите маки — како не можеле да имаат деца.
Дедото ги гледал, гледал, па се свртел, ги заобиколил, па повторно ги гледал од друг агол. Запалил цигара, се искашлал, плукнал на страна и рекол:
„Еми не знам што да ви речам бе момчиња…“



