Лавот кулира, лавицата му мрчи… и тогаш… 😂(Виц)

Лав и лавица одмараат под дрво додека зајакот го удира лавот – смешен виц

Вицовите се одличен начин да го започнете денот со насмевка. Денес ви го пренесуваме урнебесниот виц за лавот, лавицата и безобразниот зајак кој сигурно ќе ве насмее.

Жежок ден во Африка. Саваната се пече под сонцето. Под сенката на едно големо дрво лежат лав и лавица. Одмараат, уживаат во ладовината и не се замараат со ништо.

Одеднаш, дотрчува еден зајак и со сета сила му удира шлаканица на лавот, па бега. Лавот воопшто не реагира. Само мирно гледа во далечината.

По некое време, зајакот повторно се враќа, му удира уште една шлаканица и пак бега.

– До кога ќе го трпиш ова?! – нервозно го прашува лавицата. – Лав ли си или што си? Стани и покажи му кој е царот!

Лавот и понатаму молчи.

Зајакот по третпат дотрчува, повторно му удира шлаканица на лавот и избега.

Лавицата веќе не може да издржи. Скока и тргнува по зајакот. Тој трча лево, таа по него. Тој десно, таа пак по него. По кратка потера, зајакот скокнува во една цевка доволно широка да му помине само главата на лавицата.

Лавицата без размислување тргнува по него и се заглавува.

Зајакот излегува од другата страна, се приближува одзади, си ја „завршува работата“ и задоволно си заминува.

По некое време, лавицата со последни сили успева да се ослободи, се враќа под дрвото и легнува до лавот.

Лавот ја погледнува, се насмевнува и ја прашува:

– И…? Те однесе ли до цевката? 😂😂😂

Доколку ви се допадна, погледнете ги и останатите вицеви на Corba.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *