Успешно враќање на Калин Ивановски на терените
Македонската тениска надеж, Калин Ивановски, се врати во одлична форма по долгата пауза предизвикана од хируршка интервенција. Тој покажа врвна игра и забележа четири последователни победи за македонската репрезентација во рамките на Дејвис купот.
Заеднички тренинзи со Новак Ѓоковиќ
Клучен дел од процесот на неговата рехабилитација и подготовка за враќање на терените беа заедничките тренинзи со најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој директно му помогна на Калин да ја врати препознатливата форма.
Новак уште еднаш покажа дека несебично помага на сите помлади колеги од цел свет, особено на балканците. Секоја чест за најдобриот тенисер на сите времиња!



