Најработник во МК е советникот од општина Битола за 4 години 700 дена не бил на работа

Арно ама во тие 4 години само една година работел во РЕК Битола останатите 3 години во приватна фирма. Наводно тоа е оправдувањето, како и тоа дека парите од седниците на коишто учествувал во општината ги донирал, но спорна била 2023 година кога советникот работел во државната фирма и за таа година во која тој тој си обезбедил потврди за отсуство за 169 работни денови. Башка 25 дена редовен годишен одмор и во таа година поработил едвај 50 дена. И тоа му го овозможила пораншната претседатлка на Советот на општината, која пак изјавила дека немала обврска да ги проверува отсуствата и кој од советниците и да побарал таа му давала потврда за ангажмани, односно да ги оправдаат своите отсуства од работа. Не е битно воопшто дали е од власта или од опозицијата туку суштината е во правниот вакум и во немање одговорност во сериозни институции. Накратко каша – попара.

Целата статија со многу повеќе информации можете да ја прочитате на Плусинфо

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *