Велс изгласа закон со кој може да ги отповикаат пратениците ако лажат, нашиве “Мува не ги лази”

Графика со портрет на постар маж со очила во костум и кружен приказ во позадина на кој се гледа лице што го држи националното знаме на Велс со црвениот змеј, надополнето со текст за новиот велшки закон против лажењето на политичарите.

Велшкиот парламент (Senedd) влезе во историјата како прво законодавно тело во светот кое донесе радикален закон за борба против политичките дезинформации од страна на пратениците.

Она што започна како бран на јавно огорчување и се претвори во жестока политичка дебата, сега е официјално усвоен закон кој предвидува дисквалификација и кривичен прогон за секој пратеник или изборен кандидат кој намерно ќе ги излаже гласачите.

Политичката сцена во Велс веќе никогаш нема да биде иста. Новата законска регулатива е насочена директно кон враќање на довербата во демократските институции, поставувајќи ги пратениците под иста правна одговорност за изречени лаги каква што веќе имаат лекарите, адвокатите или финансиските советници.

Се воведува нов кривичен предмет за давање лажни или експлицитно погрешни изјави со цел да се влијае врз резултатите од изборите. Специјално, независно регулаторно тело ќе врши проценка на изјавите и ќе одлучува дали одредена изјава е намерна измама (заснована на факти) или се работи за дозволено политичко мислење. Казните се движат од присилни јавни исправки, па сè до суспензија, активирање на систем за отповик од страна на гласачите и автоматско губење на пратеничкото место со забрана за занимавање со политика.

Парламентот официјално го изгласа финалниот предлог-закон со огромно мнозинство од 50 гласа „за“ и само еден „против“, а анкетите покажаат дека дури 72-73% од јавноста во Велс силно ја поддржува оваа мерка.
Сепак, критичарите предупредуваат дека ваквиот закон може сериозно да ја загрози слободата на говорот, бидејќи границата помеѓу „намерна лага“ и „политичко ветување“ во пракса е многу тенка. Поради овие комплексни правни дебати, донесена е одлука дека законот нема да важи за претстојните избори во Велс, туку ќе стапи на сила најрано во 2030 година, за да се допрецизираат сите детали.

Хехе. И што било ака кај нас граѓаните потекнат ваква иницијатива, па по некоја игра на случајно изгласаат ваков закон, смеурии ќе биде. Замислете тогаш како би изгледала една кампања пред избори. Па не знам што ќе зборуваат? Лакили за нив тешко веројатно е дека дури и да има ваква инцијатива од граѓаните нашите политичари би изгласале ваков закон? Или можеби не е така, можеби младиве ќе потегнат некоја ваква иницијатива?
Замислете какво би било во тој случај обраќањето на пратениците пред и по избори?
Секое излегување пред микрофон во Собранието би станало авантура со висок ризик, па нашите избраници би морале да зборуваат исклучиво со уметнички метафори за да не си ја загрозат слободата. Нашата независна комисија за утврдување лаги не би се потпирала на сувопарни факти, туку би ангажирала судски вештаци за да дешифрираат и дали пратеникот ги држел палците во џеб додека ветувал брда и долини.

За почеток ние граѓаните биле среќни ако нашиве пратеници го усвојот Велшкиот модел за пратеници. Така ако Велс е држава со 3.175.200 жители и имаат само 96 пратеници, пропорционално на тоа во Македонија ние би требало да имаме 56 пратеници со нашите 1.836.713 жители. Секако тоа би значело и помалку средства за превоз на нашите избраници и повеќе пари во буџетот.

Националниот парламент на Велс (денес официјално наречен Senedd) постои релативно кратко — нешто повеќе од 27 години. Тој беше основан по успешната референдумска одлука на велшкиот народ во 1997 година, по што официјално започна со работа во мај 1999 година како Национално собрание на Велс (National Assembly for Wales). Во текот на изминатите децении, неговите надлежности континуирано се зголемуваа, па така во мај 2020 година институцијата официјално го смени името во Senedd (Велшки парламент), со што се нагласи неговата целосна законодавна моќ во државата.

Додека Велс ја презема улогата на пионер, остатокот од светот будно следи како ќе се развива овој експеримент кој веќе добива првична поддршка и во Лондон. Велс покажа дека јавното незадоволство од лажните ветувања може да се преточи во конкретно законско решение. А за кај нас, па ете пишете ни што мислите дали и кај нас треба да се потегне една ваква иницијатива или да ги оставиме нашиве пратеници да продолжат по стапките на славниот “Барон Минхаузен”.

И за крај ако можат Велшаните кои имаат парламент пократко од нас Македонците да побараат одговорност од нивните пратеници можеби можеме и ние да го направиме истото. Шо велите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *