Традиционални македонски поздрави наспроти нови навики
“Имајте убав ден” или како aмериканизмите полека но сигурно навлегуваат во македонскиот јазик!
Секако сте приметиле дека во секојдневната комуникација сите веќе ја применуваат оваа фраза! Искрено немам ништо против фразата иако не ја употребувам! Но ако се вратиме дваесетина години наназад ќе се потсетиме дека во тоа време повеќе се употребуваа “Пријатно”, “Пријатен ден”, “Со здравје”, “Убав ден” итн.
Мене најискрено најубав поздрав ми е “Со здравје” бидејќи најмногу ме потсетува на бабите и дедовците кои редовно го користеа тој поздрав, но времето и навиките многу брзо се менуваат па …
Влијанието на социјалните мрежи, филмовите и глобализацијата прави ваквите јазични промени да се случуваат преку ноќ. Додека помладите генерации сè почесто користат буквални преводи од англиски, постарите сè уште го чуваат духот на автентичниот говор.
Пишете ни во коментарите: Кој поздрав е најубав за вас и што мислите за тоа како разните американизми во македонскиот јазик полека но сигурно го менуваат нашиот секојдневен говор?



