Зоолошката градина Lincolnshire Wildlife Park во Англија стана вирална сензација откако персоналот мораше итно да раздели група од пет Африкански сиви папагали поради нивниот – премногу кавгаџиски и безобразен речник.
Папагалите по име Били, Ерик, Тајсон, Џејд и Елси пристигнале во паркот во иста недела и поминале одреден период заедно во карантин. Наместо да вежбаат нормални птичји звуци, тие брзо научиле сериозни пцовки. Но, проблемот не бил само во пцуењето – тие развиле тимска стратегија. Еден од нив ќе почнел со простаклаци, другите веднаш се приклучувале во хор, а потоа сите заедно масовно и гласно им се смееле во лице на шокираните гости.
Иако на повеќето возрасни посетители ова им било урнебесно смешно, директорот на паркот Стив Николс објасни дека морале да ги преместат во различни кафези за да ги заштитат децата кои доаѓале за викендите. Дополнителен страв за чуварите бил фактот што во паркот има вкупно 200 папагали од истата раса. „Ако овие пет ги научат и останатите, ќе завршиме со 250 папагали кои без престан пцујат наоколу“, се пошегувал тогаш Николс.
Хехе. Папагали парче праат!



