Европратеничката Ирена Јовева во Европскиот парламент порача дека пристапниот процес на Македонија мора да се фокусира исклучиво на реформи, а не на идентитетски и историски прашања кои произлегуваат од туѓи агенди. Таа истакна дека ЕУ не треба да биде место за историски расправи и дека со овие уцени се кршат основните европски вредности.
Интересна работа е што оваа европратеничка станува попопуларна од домашните политичари. Имено со ваквите искрени и цврсти ставови, Јовева ужива огромна популарност во македонската јавност, која кај неа препознава поголема храброст и интегритет отколку кај повеќето домашни политичари. Додека довербата во локалните лидери опаѓа, нејзиниот некомпромитиран глас во Брисел ја прави еден од највреднуваните и најсилни заштитници на македонските интереси.
Секоја Чест за девојчето само така нека продолжи!



