Јовева децидна: ЕУ не постои за да издава сертификати за постоење на народи

Ирена Јовева европратеничка портрет

Европратеничката Ирена Јовева во Европскиот парламент порача дека пристапниот процес на Македонија мора да се фокусира исклучиво на реформи, а не на идентитетски и историски прашања кои произлегуваат од туѓи агенди. Таа истакна дека ЕУ не треба да биде место за историски расправи и дека со овие уцени се кршат основните европски вредности.

Интересна работа е што оваа европратеничка станува попопуларна од домашните политичари. Имено со ваквите искрени и цврсти ставови, Јовева ужива огромна популарност во македонската јавност, која кај неа препознава поголема храброст и интегритет отколку кај повеќето домашни политичари. Додека довербата во локалните лидери опаѓа, нејзиниот некомпромитиран глас во Брисел ја прави еден од највреднуваните и најсилни заштитници на македонските интереси.

Секоја Чест за девојчето само така нека продолжи!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *