Брко
Бркови ли се бркови,
швалерски маки големи,
стани си рано по дрва,
врати се дома без пара.
Ама мерако швалерски голем е,
па новчанико зато празен е.
Кафето комшиско убо е,
а стапо од жената ич убав не е!
Брко Дрварот сака поскапо да продаде арно ама ако комшиката го замоли за попуст? Е тогаш е да се биде или не? Профит или “кафе” се мисли тој? Па си вели: Ќарот и зијанот се брат и сестра. Што му ибам матер кафе нека биде ако е поскапо. А што би одбрале вие? У ќар или у зијан ќе идете? Ај тука пишете



