Душан Влаховиќ повторно стрелец и постави нов рекорд за Бешикташ (Видео)

Влаховиќ гол од пенал против Кочаелиспор

Со голот што го даде против Кочаелиспор Душан Влаховиќ постави и рекорд во клубот, станувајќи првиот фудбалер на Бешикташ од сезоната 2000/2001 кој успеал да се запише во листата на стрелци на сите први 4 натпревари на кои започнал како стартер. Во натпреварот му помогна и неговиот клупски колега од Јувентус Мирети кој заедно со трењерот Италијано ја прават италијанската колонија на Босфорот. Иако од пенал и иако голманот ја прочита страната на која ќе шутира Влаховиќ сепак ударот беше толку силен и прецизен што едноставно немаше одбрана. Еве погледнете го.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *