Кој и зошто ја пушти спорната снимка на Јаков Јозиновиќ?

Јаков Јозиновиќ Томпсон меме

Дали Хрвати го саботираат Јаков Јозиновиќ за да му ја уништат кариерата и настапите во Србија?

Абе смешки работава, таман помисливме дека Хрвативе станале европејци и оп се уклучија на Балканци на најако. Хехе. Сега сакаат да го саботираат детево дека е многу популарен во Србија. И од нигде никаде на некој кој бил на таа свирка од пред две години кога Јаков ја пеел спорната песна од Томпсон наеднаш му текнало да ја објави.

Ние во МК ова го викаме “Мижи Асан да ти баам”. А што всушност што отприлика била работа? Дете од 19 години си пее во некој кафиќ во Хрватска и таму кој пијан, кој трезен ми се закачил некој навивач и дај нешто од Томпсон и тогаш детево кое интелегентно можеби прво го одбило па потоа кога овој продолжил да инсистира си го поставилo прашањето? Дал да јадам ќутек или да отпеам? Отпеал и толку. Рака на срце на снимката ако е веродостојна Јаков изгледаше еуфорично ама во днешно време со видеава веќе не знае човек што е оргинал а што ВИ видео?

Арно ама … тогаш некој снимал на телфон па … И тој кутриот што ја имал снимката баш сега jа објавува, хмм, не му текнало самиот да ја објави туку знаете веќе како одат тие работи од “Долина на Волците” да не ви објаснуваме.

Се разбира ова е наше размислување и претпоставка можеби и не е така ама ете ако имате и вие некое објаснување за настанов споделете го со нас на нашата фејсбук страница

Момчето кое го спојува регионот е трн во око на некои структури во Хрватска. А башка да не збориме за љубоморните колеги во Хрватска, па и во Србија кои на секој можен начин се обидуваат да го дискредитираат детево. Неговата публика во цела бивша ЈУ е доволно информирана за да ги разбере овие политички и естрадни замки.

Јаковче да си пееш насекаде низ цела бивша ЈУ и да не се грижиш, твојата публика те сака од Вардар до Триглав. А ние башка те чекаме и во Македонија што поскоро. Твоите концерти во Белград што треба да ги одржиш ќе бидат едни од најдобрите. Само напред дете и одпеј и нешто македонско таму со врски, ако евентуално го прочиташ текстов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *