Еден другар што го гледал филмов на Браќа Манаки ми го препорача овој филм. Инаку филмов претходно освои „Grand Prix“ (Големата награда) на Канскиот филмски фестивал што секако е уште една препорака за нашите читатели дека се работи за многу добар филм.
Дејството на филмот нè носи во провинциско руско гратче во екот на глобалните превирања во 2022 година. Главниот лик Глеб е успешен директор на компанија чиј совршено организиран живот почнува комплетно да се распаѓа под притисок на локалните власти, но и поради болното откритие дека сопругата Галина го изневерува. Овој напнат политички и психолошки трилер е сурова алегорија за моралната криза и системот во кој човечкиот живот ја губи вредноста.
Кај нас во кино салите ќе се прикажува во Ноември, па еве една препорака за тогаш и погледнете го трејлерот.



