Ал Капоне меѓу Народот и Законот

Ал Капоне

Во екот на Големата депресија во 1930 година, во Чикаго се отвори една необична народна кујна. На нејзиниот влез пишуваше: „Бесплатно кафе и крофни за невработените“. Таму, над 2.200 сиромашни и гладни луѓе секој ден добиваа топла чорба и парче леб. Но, ова не беше хуманитарна акција на државата. Ова беше кујна на еден од најозлогласените гангстери во историјата – Ал Капоне.

Разговорот што ја разбранува јавноста

Постои една позната приказна за интервјуто на една новинарка со Капоне, каде што тој го користи токму овој негов „добротворен“ имиџ за да ја нападне државата.

„Господине Капоне, луѓето велат дека сте лош човек, криминалец. Што имате да кажете?“ – прашала таа.

Капоне, со неговата препознатлива самодоверба, одговорил:
„Јас? Јас сум добар човек. Ако на мој пријател му требаат пари, јас му позајмувам. Ако му треба кола, јас му ја купувам. На сиромашните им отворам народни кујни бидејќи се гладни.“

„Но, со кои пари го правите тоа? Тоа се нелегални пари“ – инсистирала новинарката.

Капоне застанал и ја погледнал:
„Чекај малку… Дали ти ме прашуваш каков човек сум јас, или со што се занимавам? Тоа се две различни работи. Јас како човек сум добар. Но, државата е таа што треба да одговори на вистинското прашање: Зошто има толку многу сиромашни и гладни луѓе во оваа земја? И зошто државата дозволила еден криминалец да ја брка нејзината работа и да го храни народот?“

Лицемерството на системот

Капоне бил мајстор за манипулација со јавното мислење. Тој јавно укажувал на фактот дека државата во тој период потфрлила. Додека политичарите биле корумпирани и свртени со грб кон работничката класа за време на економската криза, Капоне им понудил „алтернатива“. Со тоа, тој се претставил како Робин Худ кој само го задоволува она што пазарот и сиромаштијата го бараат, префрлајќи ја моралната кривица врз неспособниот систем. Секако неговото дејствување не е за оправдување но исто како и во случајот со фашизмот во Германија секоја акција дава и соодветна реакција така лошиот третман на работниците во Америка ја дава својата реакција преку организираниот криминал. И што ќе кажете вие убаво и одговорил или? Пишете во коментари на фејсбук страната на Чорба ако имате нешто да споделете во врска со темава?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *