Покрај победата на Колумбијката Ванеса Пулгарин, сите очи на MGI All Stars спектаклот беа вперени и во преубавата Феит Мари Портер (Faith Maria Porter) од Гана. Оваа 27-годишна атрактивна девојка освен со својата висина (175 см) и совршена фигура, ја фасцинираше јавноста и со својата неверојатна биографија во светот на шоу-бизнисот. Таа е дипломиран менаџер во забавната индустрија од Њујорк и успешен интернационален модел со дефилеа на модните недели во Париз и Њујорк.
Покрај модните писти, Феит има изградено импресивна кариера зад сцената во САД. Таа има работено на директни Бродвеј продукции (како мега-хитот Dear Evan Hansen), а нејзиниот талент и бизнис осет ја доведоа до кастинг соработки за најголемите светски мрежи како HBO, Netflix, STARZ и Prime Video. Настрана од актерството, нејзиниот глас е нешто посебно – таа е извонредна пејачка која веќе ја има освоено престижната награда за најдобар талент (Miss Grand Talent Award), а за овој избор дури издаде и свој ексклузивен сингл.
Како официјален културен амбасадор на својата земја, Феит во моментов е фокусирана на неколку големи меѓународни проекти. Таа активно одржува ексклузивни мастерклас предавања низ Европа (вклучувајќи ги Рим и Торино во Италија), каде што ги учи младите девојки на сценско однесување и менаџмент во индустријата. Паралелно со тоа, таа ја лансираше и својата нова уникатна колекција на накит под брендот „Tribe of Hope“, инспирирана од нејзиното африканско наследство, а истовремено ја води и менторската програма „CreateHER“ која им помага на младите девојки да влезат во светот на театарот и филмот.
Погледнете го подолу нејзиното извонредно дефиле во костим за капење каде што покажа зошто важи за една од најатрактивните, највлијателните и најмултиталентираните млади жени во светот!



