Светот на убавината има нова кралица, а нејзиното име е Ванеса Пулгарин (Vanessa Pulgarín)! Прекрасната Колумбијка едноставно „изгази“ на сцената и покажа како се доминира на писта. Погледнете го нејзиното моќно прелиминарно дефиле во костими за капење во видеото подолу – чиста самодоверба и харизма!
Погледнете ја со каква енергија шета на пистата и колку е убава и природна во движењата. Башка шармантна, едноставно прекрасна. Подолу за тоа какво натпреварување е ова.
Што е всушност MGI All Stars?
Заборавете на класичните избори за убавина. Miss Grand International ги собра најдобрите од најдобрите на едно место во Бангкок. Ова беше брутален „All Stars“ натпревар каде 56 добро познати девојки добија втора шанса за круната.
Апсолутна доминација во сите три категории
Победата на Ванеса не беше случајна – таа буквално изdominира во секој можен предизвик кој организаторите им го подготвија на девојките:
- Гламур во вечерни фустани: Во делот со свечени тоалети (Evening Gown), Ванеса изгледаше прекрасно и ги доби највисоките оценки од жирито, позиционирајќи се на самиот врв.
- Оган на пистата во костими за капење: Како што можете да видите и од самото Reel видео, кога излезе во костим за капење, таа донесе таква енергија што публиката и судиите веднаш беа воодушевени.
- Природна убавина без шминка: Девојките имаа и посебен предизвик (Bare Face Challenge) каде мораа да излезат на сцената без грам шминка. Ванеса и тука покажа дека нејзината убавина е беспрекорна и природна.
Бидејќи оваа година гласањето беше во живо и во реално време, сите можеа да видат дека Колумбијката едноставно немаше конкуренција.
Што следува за неа?
Ванеса си замина дома со круната и супер парична награда, но тука не е крајот. Таа веќе има загарантирано место во Топ 18 за следното издание каде ќе мора да ја брани титулата. А ако успее да победи трипати по ред? Ја чека луд бонус од дури 1 милион долари!



