Колбуле – Нордискa дебела палачинка со сланина што ја измислиле Скандинавските дрвосечачи (Видео)

Тава со пржена нордиска сланина во коцки и традиционална шведска палачинка Колбуле одозгора.

Ако сте во потрага по совршеното парче месо кое ќе ги подигне вашите кулинарски вештини на повисоко ниво, имаме одлична вест за вас! Швеџаните и комшиите им за Колкбуле употребуваат парче внимателно чадено свинско месо, обработено без кожа и коски, збогатено со традиционални нордиски билки кои му даваат специфичен, благо остар и префинет вкус. Таа е совршено солена, месната и идеална за печење, пржење или динстање. Ваква сланина има и во нашите поголеми маркети, а најдобрата велат била таму кај што пазари Тошо Малерот. Но, да не бидиме пребирливи и секоја наша сланина ќе заврши работа само вие засукајте ги ракавите и направете го овој специјалитет. Се прави многу брзо.

Ајде да се спремиме за зимата, ве носиме на едно вкусно патување низ скандинавските шуми. Денес ве учиме како да го подготвите Колбуле (Kolbulle) – најавтентичното нордиско јадење со сланина.

Приказната зад Колбуле: Јадењето на преживеаните дрвосечачи

Замислете ги густите, ладни и снежни шуми на Шведска и Норвешка во 18 и 19 век. Со недели оддалечени од своите домови, нордиските дрвосечачи, рудари и јагленари морале да преживеат во сурови зимски услови. Со себе носеле само намирници кои не се расипуваат лесно: брашно, сол, вода и, секако – солена чадена сланина.

Така настанало јадењето Колбуле (Kolbulle), што во превод значи „јагленарска палачинка“. Работниците го подготвувале на отворен оган, користејќи тешки леани тави од гус. Сланината се пржело додека не ја пушти сета своја маснотија, а потоа одозгора се истурала едноставна смеса од брашно и вода. Ова калорично и превкусно јадење им ја давало потребната енергија за тешката физичка работа на силниот студ.

Денес, Колбуле е вистински специјалитет што Скандинавците со гордост го подготвуваат на кампување, излети, но и во своите модерни домови кога сакаат утешна, традиционална храна.

Рецепт за автентично нордиско Колбуле (Kolbulle)

Благодарение на акцијата во Стокомак, сега можете да ја донесете оваа скандинавска магија директно во вашата кујна. Подготовката е неверојатно брза и едноставна!

Потребни состојки (за 2 лица):

  • 200г Сланина во нордиски стил Sokołów (исечкана на коцки или подебели ленти)
  • 2 децилитри брашно
  • 4 децилитри ладна вода
  • 1 прстофат сол
  • По желба: Џем од брусница или шумско овошје (за сервирање)

Начин на подготовка:

  1. Подготовка на тестото: Во длабок сад измешајте ги брашното, водата и малку сол. Изматете убаво со маталка за да добиете мазна смеса, малку погуста од онаа за класични палачинки. Оставете ја да одмори 10 минути.
  2. Пржење на сланината: Загрејте ја тавата (најдобро е да користите тешка или тусена тава) на средна температура. Ставете ја сечканата сланина Sokołów и пржете ја додека не испушти доволно маснотија и не стане прекрасно крцкава и златна.
  3. Спојување: Распоредете ги крцкавите парчиња сланина рамномерно низ тавата, а потоа истурете ја смесата со тесто директно врз нив (тестото треба да ја покрие сланината).
  4. Печење: Пржете околу 4-5 минути на едната страна додека долниот дел не фати убава кора. Потоа внимателно свртете ја палачинката на другата страна и пржете уште 3-4 минути.
  5. Послужување: Традиционално, Колбуле се служи топло, преклопено на половина, а во средината се додава една голема лажица слатко-кисел џем од брусница. Контрастот помеѓу солената чадена сланина и благите брусници ќе ве воодушеви!

Еве и кратко видео ако ви е полесно

А ако сте за чорби и други јадења кликнете овде. А кога сме веќе кај дрвосечачите еве и една шега за нив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *