Шармот и ритамот на малите екрани – Натали Трифонова од временска прогноза до „Танц со ѕвездите“ (Видео)

Натали Трифонова на времеснка прогноза и танцување со звездите

Ако наутро ја вклучите бугарската телевизија bTV, невозможно е да ја пропуштите Натали Трифонова. Со својата впечатлива појава, беспрекорен стил и неверојатна харизма, таа веќе со години е едно од најпрепознатливите и најатрактивните ТВ лица во регионот.

Иако нејзиниот заштитен знак е временската прогноза, Натали брзо се наметна како вистинска медиумска ѕвезда со повеќе улоги во телевизијата. Таа успешно балансира меѓу утринскиот блок, лајфстајл емисијата „COOLt“, патувачката рубрика „По светот со Натали“, како и технолошко-гејмерското шоу „Gamer“. Со ова докажа дека убавината, интелигенцијата и професионалноста можат да одат рака под рака.

Иако јавноста првенствено ја доживува како модел и ТВ лице, Натали има дипломирано на насоката „Бизнис информатика“ на Економскиот универзитет во Софија (УНСС). Таа често во интервјуата знае да се пошегува дека бројките, кодовите и логиката ѝ се посилна страна од самата временска прогноза.

Натали потекнува од позната докторска фамилија. Нејзината баба е еден од најценетите педијатри во Бугарија, која дури ја има добиено и престижната награда „Лекар на годината“. Целото семејство силно посакувало Натали да продолжи по нивните стапки, но таа сосема случајно се пријавила на аудиција за телевизија и веднаш била избрана.

Танцувачка ѕвезда, Натали беше една од највпечатливите и најомилените учеснички во популарното шоу Dancing Stars во Бугарија. Таму стигна до самото финале благодарение на својот природен талент за танц, покажувајќи дека покрај камерите, одлично се снаоѓа и на подиумот под рефлекторите.

Погледнете го ова кратко видео и откријте зошто нашите комшии толку ја сакаат. Баш е срцка. Потоа погледнето го второто кратко видео од 2 минути и уживајте во нејзиното танго кое ќе ве остави без зборови. Како се врти, шо се праи секоја чест!

Девојчево изгледа и игра екстра. Погледнете.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *